Општина Крива Паланка  со еколошка акција го одбележа Денот на животната средина

Преку  ангажираните  невработени лица од страна на Општината Крива Паланка  за вршење на јавни работи, а во рамки на мерката 6.2 од Програмата на АВРСМ за јавни работи, се спроведе еколошка акција за  собирање на кабестиот отпад покрај регоналниот пат на излез на населбата  Домачки дол  кон село Осиче.

На овој  природен локалитет  т.н „карпите“  во изминатиот период  од страна на несовесни граѓани и возачи на товарни возила се создадени големи депонии кои ја нарушуваа и загадуваа животната средина.

Во  денешната акција се соберени околу 30 м3 на разновиден отпад, а  во собирањето и утоварот  на отпадот со свои возила и механизација  активно се вклучи и јавното претпријатие Комуналец. Отпадот е однесен на комуналната  депонија.

На овој локалитет на неколку места  се поставени табли за известување за забрането фрлање на отпад  како и поставен соодветен надзор.