Доделени осмооктомвриските награди

На свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка, што се одржа на 8 Октомври 2011, беа доделени и осмооктомвриските награди за значајни постигања и особени резултати. Наградите ги добија Филип Стојановски, ученик во СОУ„Ѓорче Петров“, Добри Јовевски, наставник во ОУ„Илинден“, Марија Спасовска-каратистка и Карате клубот „Шампион“.

Осмооктомвриски признанија им беа доделени на МПЦ-Манастир „Свети Јоаким Осоговски“, Центарот за култура, компаниите „Индо минерали и метали“, „Кадоро Ото“ и на Делегацијата на ЕУ за соработка со општина Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст