Тековни градежни активности во општина Крива Паланка

Продолжуваат градежните активности кои Општина Крива Паланка ги реализира преку Одделението за изградба и oдржување на комунална инфраструктура на повеќе локации во градот.

Во претходните неколку денови изведени се припреми и асфалтирање на дел од улица „Вардарска“  и асфалтирање на крак од улица „Единство“. Работите  ги изведува градежната фирма „Лабино“од Гостивар.

Исто така се изведуваат и градежни работи на санација и надградба на потпорен ѕид на улица „Херој Карпош“ при што се врши зајакнување на постоечкиот ѕид со надтемелна стопа и надградба во висина од околу еден метар. Работите на оваа градба ги изведува фирмата „Дине трејд“ од Крива Паланка.

Со реализацијата на овој градежен зафат ќе се овозможи санација, надградба и зајакнување на постоечкиот ѕид но истовремено ќе се добие проширување на постоечкиот уличен профил и можност за дополнителен паркинг простор.

Големина на фонт
Контраст