Еколошка акција на улицата „8- ми Октомври“ и дел од с.Дурачка Река

Успешно  e реализирана и последната реонска  еколошка акција „Општина  без смет  за поубав свет“ овој пат на улицата „8-ми Октомври“ и дел од руралната населба „Дурачка Река“. Во акцијата се вклучија над педесетина лица  кои спроведоа собирање на отпадот од околината на: СОУ „Ѓорче Петров“,  домот за ученици „Боро Менков“, катчето за одмор покрај Дурачка Река,  кај кошот во н. Маневци, потоа покрај патот до школото во с.Дурачка Река, како и покрај патот за стара трафостаница и улицата „Калин Камен“.

Во оваа акција се собраа  5м3 на разновиден отпад.

Вработените на јавното претпријатие Комуналец и овој пат активно се вклучија во акцијата .

Еколошката акцијата  „Општина без смет за поубав свет“ успешно се реализираше  во сите урбани населби. Ова беше последната акција во урбано подрачје, а ќе продолжи со реализација во атарите на некои од руралните населби.

Останува граѓаните да  ја чуваат чиста околината, а онаму каде што има потреба од поставување на садови за отпад истите да ги побараат од јавното претпријатие Комуналец.