Во Крива Паланка одбележан Денот на Европа

Денес со  низа свечености, музички и ликовни перформанси во Крива Паланка беше одбележан  9-ти  Mај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Настанот  се одржа на градскиот плоштад со почеток во 12 часот, а присутните имаа можност да уживаат во настапот на учениците од основните училишта „Илинден“ и  ,,Јоаким Крчовски“ и СОУ „Ѓорче Петров“, како и во изведбите на најмалите учесници од детската градинка ,,Детелинка“ и членовите на  културно уметничките друштва „Карпош“, „Фолклористи“ и „8-ми Октомври“.

На свечаноста пред кривопаланчани се обрати градоначалникот Борјанчо Мицевски кој изјави:

„Европската унија не е само идеја, туку таа е континуитет кон кој се стремиме години наназад. ЕУ е многу повеќе од тоа, Европската унија значи еднаквост, солидарност, социјална стабилност, почитување на различностите, владеење на правото, хармонија, соживот, слободен проток на идеи, капитал, слободно движење и остварување на фундаменталните човекови права базирани на меѓусебно почитување, разбирање и соработка. Со еден збор, Европската унија значи слобода.

Во оваа прилика сакам да ви изразам голема благодарност на сите Вас  за сето она што заеднички го правиме во напорите за членство во ЕУ“ .

Говор на градоначалникот по повод Денот на Европа

Одбележувањето на Денот на Европа беше проследено со музика, игра и ликовни и уметнички перформанси и се одвиваше во забавна атмосфера.