Асфалтиран локалниот пат во с.Трново

Во текот на денешниот ден градоначалникот Борјанчо Мицевски беше во обиколка на завршните активности за асфалтирањето на локалниот пат во с. Трново.

Локалниот пат во село Трново е во должина од 500 метри,  а се асфалтира кракот кон  црквата  Св. Никола и селското училиште. Со овие градежни активности што Општина Крива Паланка интензивно ги спороведува на терен, се олеснува пристапот на локалното население до своите приватни домови и имоти, а исто така го олеснува и пристапот до сместувачкиот  објект  во с.Трново кој е даден на управување на Здружението на воени инвалиди. Ова здружение своите активности ги фокусираше во насока на искористување на природните реткости и убавини и  развој на алтрнативните форми на туризам во општина Крива Паланка.

Изведувач на градежните работи за асфалтирање на локални патишта е фирмата „Стоименов“ ДООЕЛ од  Кочани.