Во завршна фаза работите на коритото на Скрљавски Дол

Изведувањето на работите на поројот „Скрљавски Дол“ во oпштина Крива Паланка се во завршна фаза. Изведувач на работите на изградбата на коритото е фирмата „Маљоку“ од Гошинце-Липково, а вкупната должина на изведбата на работите на втората фаза на коритото на долот е 265метри.

Со ова се заокружува системот за заштита и безбедност на овој дел на градот и локалното население од порои и поплави, а истовремено беше решен и еден долгорочен горлив проблем на локалното население од аспект на елиминирање на неподносливата реа од самиот дол и подобрување на здравствено безбедносниот аспект.

Со доизградбата на коритото на долот се отвора и можноста за идно асфалтирање на локалната пристапна улица покрај долот со што би се комплетирал инфраструктурниот дел од аспект на одведување на атмосферските води, отпадните канализациони води и сообраќајниот пристап до населбата и локалните објекти.