Третооделенците од ООУ „Јоаким Крчовски“ во посета на Општината

По повод претстојниот христијански празник, Христовото Воскресение-Велигден, учениците од трето одделениe од ООУ „Јоаким Крчовски“, под менторство на наставничката Мирјана Петкова, беа во посета кај градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Во рамки на посетата учениците му подарија на градоначалникот своерачно изработени велигденски подароци и му го честитаа престојниот празник. Градоначалникот  Мицевски се заблагодари од името на општинската администрација и им посака среќни велигденски празници.

 

Големина на фонт
Контраст