Поставување декоративни светилки на пешачката патека-висока зона лев брег

Во рамките на своите тековни активности градоначалникот Мицевски,  заедно со стручните лица од општинската администрација, денес изврши обиколка и  увид во процесот на поставување на декоративните светлечки тела, кои се предвидени  со изградбата на пешачката патека -локалитет висока зона лев брег.

Поставувањето на декораивните светилки е една од завршните активности, пред официјалното пуштање во употреба на пешачката патека.

Изградба на оваа пешачка патека се реализира во рамки на проектот  ,,Туризам без граници“ финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка, помеѓу Македонија и  Косово.

 

 

Големина на фонт
Контраст