Набавена нова опрема за осветлување за НУ Центар за култура

Општина Крива Паланка, во насока на подобрување на условите за работа и престој во НУ Центар за култура, изврши набавка на нова  опрема за осветлување.

Финасиските средства за новата опрема за осветлување за потребите на НУ Центар за култура од Крива Паланка, се обезбедени од наплатата на влезниците за Меѓународниот  театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, кој се одржа во месец септември 2018 година.

Имајќи ја во предвид тешката финансиска ситуација на оваа установа, но и застарената и неисправна техничка опрема со која располага, а што претставуваше голем проблем за време на оддржување на фестивалот, но и за тековното функционирање на повеќето уметнички сектори и секции во склоп на Центарот за култура, Општина Крива Паланка, заедно со организациониот одбор на фестивалот, одлучија оваа година собраните средства да бидат  искористени за купување на дел од опремата потребна за реализација на фестивалот.

Купена е нова опрема за осветлување во висина од   61.000 денари и тоа миксета и  ЛЕД рефлектори со сите неопходни приклучоци и сталки, со што значително е подобрена состојбата и условите за непречено одвивање на активностите на НУ Центар за култура.

Големина на фонт
Контраст