Поставени садови за собирање на стаклен отпад

Како дел од одговорното постапување со отпадот,  ЈП „Комуналец“  во соработка со ДОО „Пакомак“- Скопје  постави пет специјализирани зелени контејнери т.н „зелени стаклени ѕвона“  за одлагање на отпад од стакло. Граѓаните ќе можат да го издвојуват стаклото  од другиот отпад  и да го депонираат во овие  контејнери кои се со капацитет од 1,5 м3 и се исклучиво за стакло.

Контејнерите се поставени долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, на следниве локации:

  • на влез на сточен пазар
  • позади противпожарната служба
  • позади маркетот во центарот на градот
  • на влез во зелен пазар и
  • пред колективната станбена зграда во населба Грамаѓе

Контејнерите се поставени и во близина на голем број на  угостителски објекти кои исто така имаат потреба од вакви садови заради ослободување од неповратната  стаклена  амбалажа.

Општината Крива Паланка  ги повикува граѓаните да се ослободат од стаклото кое повеќе не го употребуваат, одлагајки го истото во овие садови.

 

 

Големина на фонт
Контраст