Обезбедено ново возило-универзален ровокопач за потребите на Општина Крива Паланка

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20, 667 милиони евра.

Програмата ја имплементира Министертвото за финасии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Во рамките на оваа програма се реализира проектот ,,Набавка на универзални ровокопачи-натоварувачи за потребите на руралните општини’’. Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи, која е финасирана со средства од Европската Унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и покввалитетно оддржување на инфраструктурата во руралните области.

Ровокопачите ќе бидат доделени на 10 општини, кои во група со уште по две општини, зеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.

Еден ровокопач е доделен на Општина Крива Паланка, кој заеднички ќе го користат и општините Ранковце и Кратово.