Заврши изградбата на примарната водоводна мрежа за жителите во с. Луке

Во текот на вчерашниот ден, од страна на фирмата за надзор на градежните активности,  извршена е контрола на трасата за примарната водоводна мрежа во с. Луке и извршен е технички прием на делницата на примарната мрежа за водоснабдување .

Водоводната мрежа е во должина од 1 700 метри, а реализацијата на овој проект е финасирана од Програмата за управување со водите преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Oпштина Крива Паланка.

По завршувањето на градежните активности, деновиве ќе следува и контрола на квалитетот на водата за потребите на жителите, а стручните служби од Oпштина Крива Паланка продолжуваат со планираните активности за изградба и на секундарната мрежа за водоснабдување на населбите Просарци, Камењарци и Мачорци.