Втора форумска сесија за проекти во Североисточниот плански регион

Во организација  на Центарот за развој на  североисточниот плански регион, на 1 март во Куманово,  се одржа втората  форумска сесија, во рамки на  програмата „Регионални форуми во заедницата“ .

Североисточниот плански регион, во соработка – партнерство со Швајцарската агененција за развој и соработка  и Министерството за локална самоуправа реализира „РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ како дел од проектот  „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”.

Целта на регионалниот  форум е партиципативно  вклучување на  граѓаните од регионот во процесите на  креирање на политиките и одлуките на регионално ниво.

Учесници  се граѓаните, граѓански организации, претсатвници од бизнис заедницата од установи и институции од шесте општини од регионот.

На втората  форумска сесија од  страна на работните групи  граѓаните се запознаа поопширно и детално со седумте предлог концепти на решенијата утврдени на првата форумска сесија. Граѓаните/форумот дискутираше и  го даде своето мислење за секој еден од нив, посебно дискутантите се осврнаа на критериумите за избор на проекти, регионалната димензија и одржливоста на предлогот.  Граѓаните на форумот даваа свој придонес,  предлози и мислења како да се доразвијат концептите согласно критериумите.

Од презентираните седум предлог концепти на решенија форумот прифати/утврди шест кои според форумот ги исполнуваат условите  да бидат предмет на приоретизација на третата форумска сесија согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“  и тоа:

Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура во општина Куманово (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);

Концепт 2: Инфраструктурно уредување за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО  ПОКЛОНЕНИЕ во с.Конопница;

Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет  Спомен костурница во општина Куманово;

Концепт 4:  Изградба на пристапна   инфраструктура -пешачки  патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети,  уредување со урбана  опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);

Концепт 5: Инклузивен стадион во СИПР (Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);

Концепт 6:  Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти  во регионот согласно стратегијата на СИПР;

Третата  форумска сесија ќе се одржи на 13 март 2019 година, со почеток во 12 часот во ресторан Грација во Куманово.