Оддржана четврта работилница за изготвување на нацрт-стратегија за млади во општина Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден се оддржа и четвртата последователна работилница за изготвување на нацрт стратегија за млади во организација на здружението Центар за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка.

Четирите работилници се одвиваат во рамки на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“ и се дел од процесот за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општин Крива Паланка.

Преку имплементација на  проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“ се очекува искреирана нацрт стратегија. Стратегијата е платформа со дефинирани проекти  и  претставува  рамка за делување на самата општина и другите јавни институции, кои во делот на својата идна работа треба да внесат голем дел од активностите и препораките од стратегијата, а се во насока на подобрување на состојбата на младите во локалната заедница.

Овој стратешки документ се креира врз база на сеопфатна анализа на потребите и прашањата на младите, преку  анкетни прашалници, како и преку работилниците со учество на релевантни чинители, кои треба да претставуваат појдовна основа за понатамошни проекти и активности за унапредување на состојбата на младите.

Со реализација на овој проект се очекува зголемен младински активизам, поголем интерес на младата популација за позитивни промени иницирани директно од  нив, а подржани од локалната заедница. А на подолг период,  се очекува и зголемена активност на младинскиот совет, но и младинските организации, во врска со учеството на локалните млади во креирањена политики и донесувањето на  одлуки на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст