Започнаа форумите за проекти во Североисточниот плански регион

На 22 февруари во Куманово, во организација  на Центарот за развој на Североисточниот плански регион  се одржа првата форумска сесија, во рамки на  програмата „Регионални форуми во заедницата“.

Североисточниот плански регион, во соработка со Швајцарската aгенција за развој и соработка  и Министерството за локална самоуправа реализира „РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ како дел од проектот  „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”.

Целта на регионалниот  форум е партиципативно  вклучување на  граѓаните од регионот во процесите на  креирање на политиките и одлуките на регионално ниво. Учесници  се граѓаните, граѓански организации, претставници од бизнис заедницата од установи и институции од шесте општини од регионот.

На првата форумска сесија граѓаните се запознаа со форумскиот процес и критериумите за избор на проекти, дефинираа и елаборираа регионални проблеми и дефинираа  предлози за нивно решавање  во рамки на четирите теми утврдени со грантовата шема: туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија. 

Форумот утврди седум предлог решенија – концепти согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“  и тоа:

Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура во општина Куманово (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);

Концепт 2:  Инфраструктурно уредување за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО  ПОКЛОНЕНИЕ во с.Конопница;

Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет  Спомен костурница во општина Куманово;

Концепт 4:  Изградба на пристапна   инфраструктура -пешачки  патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети,  уредување со урбана  опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);

Концепт 5:  Доградба на дополнителен сместувачки капацитет во регионалниот дом за стари лица во Куманово;

Концепт 6:  Инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);

Концепт 7:  Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти  во регионот согласно стратегијата на СИПР;

На првата форумска сесија беа избрани работни групи за разработка на предлог концептите кои од страна на работните групи ќе бидат презентирани на втората форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2019 година.

Големина на фонт
Контраст