Заврши меѓународната конференција за унапредување на соработката меѓу граѓаните од Дупница и Крива Паланка

Заврши четиридневната меѓународна конференција, која се спроведе во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена Европа”, финансиран од програмата Европа за граѓаните на ЕУ, кој што се имплементира во партнерство помеѓу општина Дупница, општина Крива Паланка и Центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка.

Конференцијата започна на 18 февруари со учество на градоначалниците, претставници на општинската администарција и на советите на општина Дупница и општина Крива Паланка, на која беше потпишан и Меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу двете општини и продолжи во наредните денови.  

На 4-дневната конференција  учествуваа претставници од локални институции, организации и други субјекти од областа на спортот кои дискутираа за унапредувањето на условите за развој и омасовување на спортот. Беа разгледани можностите за заеднички кампови на спортски клубови на ниво на училиштата за деца и млади, а беше констатирано и дека е потребно  општините да доделат повеќе  ресурси на спортските клубови, бидејќи натпреварувачите се оние кои со своите успеси го носат имиџот на нивниот роден град. Дискусиите  особено беа насочени  кон развојот и стимулацијата  на младите луѓе за земањето учество во разни спортски и културни иницијативи, вклучувајќи и можности спортот да стане туристички производ и можност за претприемништво меѓу населението. На средбата имаше и презентација на спортски друштва од двете општини кои ги покажаа и ги споделија своите вештини и искуство во спортската сала на општина Дупница.

Покрај спортот се говореше и за продлабочување на економската соработка помеѓу двете општини  како и унапредување на културната размена.

Големина на фонт
Контраст