Јапонската амбасада додели грант за набавка на ново возило за смет на ЈП Комуналец-Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комуналец од Крива Паланка стана потписник на договор за грант за проект кој беше аплициран преку јапонската  ГГП-програма за мали грантови за 2019 година.

На церемонијата на потпишувањето на договорите, присуствуваше  јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет претставници од институциите добитници на грантовите, меѓу кои и директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајракта.

Вкупно девет проекти од шест региони се  добитници на грантови со вкупна вредност од околу 440 илјади евра, а вкупната вредност на грантот за општина Крива Паланка е во висина од 61  илјада евра, со кој е предвидено набавка на ново возило за смет од марката Митсубиши.

Време на реализација на овој проект е 4 месеци, во кој период треба да се спроведе процедурата за набавка и транспорт на возилото за смет.

Со набавката на новото возило ќе се подобри ефикасноста на комуналните услуги во насока на собирањето на сметот од контејнерите низ градот и населениете места и значително ќе се подобри техничката опременост и возниот парк на претпријатието,  што претставуваше сериозен проблем во изминатиот период.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст