Потпишан меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу Крива Паланка и Дупница

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и градоначалникот на општина Дупница, Методи Чимев потпишаа Меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу двете општини. Активноста се спроведува во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена Европа”, финансиран од програмата Европа за граѓаните на ЕУ, кој што се имплементира во партнерство помеѓу општина Дупница, општина Крива Паланка и Центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка. 

Во рамки на проектот предвидена е четиридневна меѓународна конференција, која започна на 18 февруари со учество на градоначалниците, претставници на општинската администрација и на советите на двете општини.   Во текот на останатите денови на конференцијата ќе учествуваат претставници од локални институции, организации и други субјекти од областа на спортот, кои што ќе дискутираат на најразлични теми во контекст на спортот и унапредување на условите за одвивање на спорт.

Потпишаниот меморандум за соработка на полето на спортот помеѓу двете општини во иднина ќе резултира со низа заеднички проекти и иницијативи.

 

 

Големина на фонт
Контраст