Оддржана трета работилница за изготвување на нацрт-стратегија за млади во општина Крива Паланка

Центарот за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка ја оддржа третата работилница за изготвување на нацрт стратегија за млади. Работилницата е дел од процесот на стратешкото планирање кое се одвива во рамките на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“.

На третата работилница главни теми за работа беа, принципот на изготовка на SWOT анализи за стратешка ориентација со анализа на приоритетни области за потребите на SWOT, а беа разработени и методи за развивање на стратегија.

За реализација на проектот и за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општина Крива Паланка, досега се реализираа три работилници, а согласно предвидените проектни активности предвидени е и четврта која ќе се реализира во наредниот период.

На работилницата присуствуваа претставници на средношколците и наставниот кадар од СОУ Ѓорче Петров, претставници на младинските организации и здруженија од општината, како и претставници од локалната самоуправа.

Големина на фонт
Контраст