Центарот за младиниски иницијативи-ЦИК ЦАК оддржа втора работилиница за изготвување на нацрт стратегија за млади

Здружението Центар за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка денес ја оддржа втората работилница за стратешко планирање во рамки на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“.

Согласно активностите на проектот, предвидени се четири работилници за статешко планирање, како дел од процесот за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општина Крива Паланка, а денес се реализираше втората работилница.

На денешната работилница, со присутните се разработуваа методите и начините за добивање на информации, матрица на опфат за разбирање на основните концепти на стратешко размислување со презентација и вежби  и ПЕСТ анализата како една од најкорисните алатки за стратешко планирање.

 

 

Големина на фонт
Контраст