Потпишан Колективен договор помеѓу УПОЗ и Oпштина Крива Паланка

Денес во просториите на Oпштина Крива Паланка се потпиша Колективен договор меѓу Синдикатот на УПОЗ и Oпштина Крива Паланка.

Чинот на свеченото потпишување на Колективниот договор за административните службеници и други вработени во Oпштина Крива Паланка, беше спроведен од страна на претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при Општина Крива Паланка, Зоран Павловски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски како работодавач.

Во оваа прилика градоначалникот Мицевски рече дека ова е значаен ден и за Македонија, која денес го потпиша Протоколот за членство на Македонија во НАТО и за Општина Крива Паланка, која денес, за првпат потпишува колективен договор за административните службеници и други вработени во Општината.

Ние сме четврта општина  во Р.Македонија, која успеа да потпише ваков договор, кој е резултат на досегашните заеднички активности и залагања помеѓу договорните страни, а се во насока на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение,  регулирање и унапредување  на законските права на вработените во Општина Крива Паланка, истакна градоначалникот Мицевски.

Колективниот договор е задолажителен и обврзувачки за вработените и работодавачот и тие како договорни страни, треба во целост  да ги применуваат одредбите кои се однесуваат на нивните права и обврски.

Потпишувањето на колективните договори помеѓу социјалните партнери,   е еден од приоритетите и на Владата на Р. Македонија, која има реални согледувања и покажа големо разбирање за потребата од унапредување и подобрување на правата на вработените.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст