Градоначалникот Мицевски ги интензивира активностите за гасификација на општина Крива Паланка

Гардоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари работна средба со претставник на украинската амбасада, г.Валериј Михаљски, на која се разговараше за процесот на гасификација на општина Крива Паланка.

Мицевски заедно со стручните лица од општинската администрација и г.Михаљски разговараа за можностите за партнерство и инвестиции во процесот на гасификација на општината. На средбата беше потенцирано дека општина Крива Паланка е една од првите општини во државата, која во процесот на гасификација  може да влезе со спремна технична документација и со веќе поставена мерна станица,  а во тек е и доработката на  инфраструктурниот проект за гасификација.