Градоначалникот Мицевски присуствуваше на свечена академија по повод ослободувањето на градот Врање

Градоначалникот Борјанчо Мицевски  на покана на градоначалникот на град Врање, Слободан Миленковиќ, со делегација од Општина Крива Паланка, присуствувше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на градот и 141  годишнината од ослободувањето на Врање.

На свеченоста беа доделени признанија на најистакнатите граѓани од Врање, за нивниот придонес во унапредувањето на Врање на различни полиња и беше одржана пригодна  уметничка програма.

Посетата беше искористена за размена на искуства и планови за продлабочување на соработката со општините од регионот кои се опфатени со програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.

Големина на фонт
Контраст