Центарот за младински иницијативи „Цик Цак“ започна со изготвување на нацрт статегија за младите во Крива Паланка

Денес во општина  Крива Паланка, здружението Центар за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка започна со реализација на проектот „Промоција на младински активизам преку креирање на институциски платформи за младински потреби’’. Овој проект е финасиран и се имплементира како подгрант во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондацијата за развој на локалната заедница и Центар за оддржлив развој Алка, финасиран од страна на Европската Унија.

Општата цел на проектот е поттикнување на младинскиот  активизам и активно учество на младите во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, а специфичните цели се детектирањето на потребите на младите од општина Крива Паланка и можностите за нивно активно вклучување во општественото живеење, како и развивање на стратешки документ на младите од општината, за нивно дитектно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Целните групи на проектот се пред се младите од локалната заедница, Младинскиот совет на општина Крива Паланка и младинските организации и дејци на локално ниво.

Со импелнетацијата на овој проект  и како краен продукт,  кој треба да произлезе од проектот, се очекува креиран стратешки документ за младинските потреби и прашања, врз база на сеопфатна анализа преку анкетни прашалници и преку работилници со учество на релевантните чинители и целните групи, како и со помош на лица од општинската администрација.

Согласно активностите на проектот, предвидени се четири работилници за статешко планирање, како дел од процесот за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општина Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ја посети првата работилница и воедно ја поздрави иницијативата за креирање на нацрт стратегија за младите од општина Крива Паланка, од страна на здружението Цик- Цак  и во оваа пригода тој изјави:

„Ова е многу значајна тема за сите нас зошто младите биле, се и ќе бидат значаен фактор во креирањето, и носењето на локалните политики. Се надевам дека со изготовката  на овој документ, заеднички со Советот на мадите и сите други релевантни чинители на локално ниво, ќе ги дефинираме реланите потреби и приоритети на младите од општина Крива Паланка“.

Градоначалникот Мицевски даде и своја сугестија да не се брза во изготовката на овој документ, зошто во целиот овој процес на креирање на нацрт стратегијата за младите, можеме сите заеднички да дадеме свој максимален  и професионален ангажман, а се со цел, како финален продукт да добиеме еден квалитетен документ, кој понатаму можеме да го преточиме во Стратегија за малите на локално ниво, а која на сите нас ќе ни претставува значајна алатка во планирањето на понатамошните конкретни активности, а кои се однесуваат на потребите и приоритети на младите од општината.

 

Големина на фонт
Контраст