Интензивни активности за зимско одржување на локалните улици и патишта

Поради интензивните врнежи од снег, ниските температури и појавата на голомразица, на територијата на општина Крива Паланка деновиве континуирано се работеше на расчистување на снежните наноси на улиците, тротоарите, пешачките патеки, улиците кон приградските населби и главните локални патишта како и до руралните средини на територијата на општината.

Расчистувањето се врши од страна на екипите на  ЈП „Комуналец“ во координација со лицата од општинската администрација, задолжени за зимско оддржување. Во текот на вчерашниот и денешниот ден е ангажирана и дополнителна механизација за расчистување на улиците и патните правци кон руралните средини.

За зимското оддржување на патиштата и улиците, во последните три дена, вкупно се употребени над 30м3 абразивен материјал (сол и ризла) и тоа низ населените места, на територија на целата општина.

Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во наредните денови, а од службите апелираат до сите граѓани да го исчистат пристапот пред нивните домови, а сопствениците на дуќаните да постапат согласно законот и да го расчистат снегот пред нивните објекти. Исто така до возачите се апелира своите моторни возила да ги дислоцираат од коловозите и тротоарските површини како би можело екипите непречено да интервенираат.

Службите за чистење ќе работат спред планираната динамика и потреби на тренот, а дежурните екипи ќе бидат активни непрекинато во текот на 24 часа.