Градоначалникот Мицевски ги посети дежурните служби

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги посети  дежурните служби кои работат со дваесетичетиричасовно работно време во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните и им врачи пригодни подароци, технички апарати од општината во знак на внимание за посветеноста и ангажманот.

Пред новогодишната ноќ тој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, претседателката на Совет, Изабела Павловска и претставници на општинската администрација ги посети ПС при РЦ Исток, ПС при РЦ Север, Царинска служба ГП Деве Баир, ПС ОН Крива Паланка, ТППЕ Крива Паланка и службите на Брза помош во рамки на Здравствен дом Крива Паланка.

Сите се заблагодарија на локалната самоуправа за постојаната поддршка, континуираниот пристап на добра соработка и координација, посакувајќи успешна работа и успеси на приватен и професионален план на сите граѓани.