Новогодишен прием кај градоначалникот Мицевски

Вчера, во Кабинетот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски  беше организирана предновогодишна средба за локалните стопанственици, бизнисмени, претставници од јавниот живот, културни работници, претставници на образовните  институции и установи, судството, претставниците од НВО секторот, пензионерите, граѓани и голем број други соработници.

Во оваа пригода, градоначалникот Мицевски им заблагодари на сите присутни за нивното досегашно залагање и нивниот придонес во унапредувањето и развојот на општина Крива Паланка.

-Во Новата 2019 година, заеднички да продолжиме да работиме за поубава и просперитетна Крива Паланка. Ви посакувам многу успеси на личен и професионален план, со желба, заеднички да ги негуваме традиционалните вредности, љубовта, разбирањето и почитувањето, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски во својата Новогодишна честитка до присутните.