Градоначалникот Мицевски оствари работна средба со министерот без ресор Аксел Ахмедовски

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес  се сретна со министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Средбата помина во работна атмосфера во која најпрвин градоначалникот Мицевски го запозна министерот без ресор,  Ахмедовски со реалните состојби и положбата на ромската полуација во општината. Мицевски ги истакна и мерките и активностите, кои новата  локална власт со ангажирање на сиот свој потенцијал, конкретно  ги превзема во насока на решавање на нивните проблеми во делот на вработувањето, социјалата, решавањето на комуналните проблеми, а особено го потенцираше значењето на  образованието и превземањето на активности за решавањето на одредени затекнати состојби.

Министерот Ахмедовски истакна дека сите активности што министерството и Владата ги превземаат, се врз основа на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и ова е период во кој веќе се чувствуваат резултатите од превземените мерки и активности од страна на Кабинетот на министерот Ахмедовски.

Сосотојбите кои ги затекнав кога пред година дена дојдов на оваа позиција, не беа задоволителни и за жал многу малку се направи за Ромите во изминатата Декада на Ромите, затоа сега ја интензивираме имплементацијата на нашата стратегија и превземаме конкретни активности за подобрување и унапредување на затечените состојби. Акцентот на работењето на Кабинетот е ставен најмногу на прашањата со домувањето, вработувањето, образованието, здравството и првичните наши резултати од активностите кои годинава ги превземаме се забележителни и јавно презентирани пред  јавноста и секако планираме и подобрување на сите досегашни активности, рече Ахмедовски.

На крајот беше заклучено дека со зајакната соработка помегу националната и локалната власт ќе се овозможат конкретни резултати за подобрување на  Ромската заедница.