Во Општина Крива Паланка се одржа обука за канцелариско и архивско работење

Денес во Големата Сала при Општина Крива Паланка се одржа обука на тема, Канцелариско и архивско работење за административните службеници. Предавач на обуката беше советник управен иснпектор, Ана Михајловска, која пред прусутните го презентираше начинот и техниката за постапување во канцелариското и архивското работење.

На јасен и систематичен начин, преку примери и упатства, г-ѓа Михајловска детално ги презентираше сите процеси на канцелариското работење, почнувајќи од создавањето на документот, начинот и техниката за постапување со документарниот материјал во канцелариското работење, па сè до чувањето на архивскиот материјал.

– Канцелариското и архивско работење е исклучително важен и неизоставен дел од работењето на секоја институција, организација и компанија, а познавањето и споведувањето на законските одредби, не само што е обврска, туку и во голема мера го олеснува и подобрува работењето, ја зголемува продуктивноста и ги превенира потенцијалните непријатности во работата со документи, изјави предавачот, Ана Михајловска.

Обуката за канцелариско и архивско работење беше организирана со цел запознавање со поимите и термините, правилното, лесно и непречено канцелариско работење, како и поблиско запознавање со Законот за архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење, разграничувањето помеѓу приватниот архивски и документарен материјал и надлежностите и обврските на државниот архив и упатство за начините и техниките на постапување со архивскиот и документарниот материјал.