Поставување на метални заштитни огради на мостовите во с.Подржи Коњ и с.Луке

Во насока на подобрување на безбедноста, Општина Крива Паланка во претходните неколку денови постави метални заштитни огради, изработени од челични профили на два локални мостови.

Во месноста Косаче во с. Подржи Коњ, поставена е двострана ограда на мост со должина од 12 метри и ширина 2.4 метри, и истовремено е санирано нагазното тло на мостот со заварување на постоечката конструкција и додавање на парчиња бродски лим. Во месноста Мишинци во с.Луке на постоечката конструкција од мостот изработена е двострана сигурносна ограда од челични профили во должина од 12 метри, со што е овозможено побезбедно и посигурно движење на локалното население  преку водотеците.