Градоначалникот Мицевски во обиколка на градежните активности за доизградба на регулацијата на Скрљавски Дол

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес беше во обиколка на градежните активности за доизградба на регулацијата на Скрљавски Дол, а се со цел навремено и квалитетно реализирање на планираната динамика за реализација на проектот.
Должината на опфатот е 264 метри, со што ќе се заокружи започнатата градба и ќе се овозможи ефикасно функционирање на каналот. Со завршување на изградбата на регулацијата на Сркрљавски Дол, во иднина ќе се овозможи и изградба на дел од улицата „Климент Охридски“, која се протега паралелно со самата регулација, а која веќе е предвидена со Деталниот урбанистички план.
Со изградбата на овој опфат треба да се регулира поројот, а воедно треба да се реши и проблемот со квалитетен колски пристап за локалното население. Проектот е задничка инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Крива Паланка.