Спортскиот центар во Крива Паланка со нова пристапна улица

Општина Крива Паланка во рамки на своите активности за изградба и одржување на комуналната инфраструктура изврши асфалтирање на пристапната улица кон спортскиот центар. Асфалтиран е пристапот од  спортската сала „Бранители 2001“ до спој со улицата Свети Јоаким Осоговски, со должина од 300 метри и ширина   3,5 – 4,5 метри.

Истовремено е асфалтирана и површина наменета за паркирање покрај повеќенаменското игралиште со површина од 120 м2.

Изведувач на градежните работи е фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово.