Поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

Во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, а во рамките на годишната програма за работа на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, Oпштината Крива Паланка пристапи кон редовно поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација. 

Сигнализација се поставува на  улицата Свети Јоаким Осоговски и на постоечките улици во градот опфатени со Основниот сообраќаен проект.