Промоција на флаери за планинарски патеки на Осоговските Планини

Во рамки на завршната активност од проектот ,,Планинарски патеки’’, планинарскиот клуб ,,Руен’’ од Крива Паланка оддржа промоција и презентација на флаери за пет планинарски патеки во реонот на Осоговските Планини. Претставени се патеките „Станечки Водопади“, „Руен“, „Царев Врв“, „Расовец“ и „Рударска патека“, кои се маркациски уредени согласно Правилникот на ФПСМ и се влезени во Европската карта на планинарски патеки.

Флаерите за планинарските патеки се изработени од страна на членовите на друштвото, а како подготвителни активности во рамки на овој проект беа реализирани и теренски активности за фотографирање на објектите и патеките, исцртување на географски карти за секоја од патеките и нивен опис.

Овој проект има за цел, развој на планинарството, планинарските спортови и планинарскиот туризам во подрачјето на Осоговските Планини.

Проектот ,,Планинарски патеки’’ финасиски е поддржан и се имплементираше со средства од Буџетот на Општина Крива Паланка, наменети за поддршка на здруженија на граѓани.