Превентивни активности за заштита од поплави

Општината Крива Паланка со ангажирање на пет невработени лица  во текот на овој месец спроведе чистење на голем број објекти за одведување и пропуштање на атмосферски води, како дел од превентивни дејства за заштита од поплави,  а со цел создавање на услови за нормално истекување  во случај на појава од поголеми води во населбите.

Се изврши чистење на отворени канали, цевчести  пропусти, сливници  и други објекти од акумулиран  земјен материјал и разновиден отпад.

Оваа активност започна во средината на месец октомври и ќе трае до средината на месец декември 2018 година. Во овие активности се исчистени над 30 водопропустни и одводни објекти, од кои  се извадени над 90 м3 на материјал.