Жителите на село Луке ќе добијат ново и квалитетно водоснабдување

Деновиве се започна со изградба на нова водоводна мрежа за потребите на жителите од населбите Просарци, Камењарци и Мачорци во с.Луке, Крива Паланка.

Делницата на примарната мрежа за водоснабдување е во должина од 1 700 метри, а реализацијата на овој проект е финасирана од Програмата за управување со водите преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Oпштина Крива Паланка.

Согласно потпишаните Договори, изведувач на работите е градежната оператива на „Лабино Трејд“ ДООЕЛ –Гостивар, а надзор на работите е ВЕИНГ ДООЕЛ-Скопје.

Поставувањето на оваа водовдна мрежа е од витално значење за наслението од овој крај и претставува основен предуслов за одобрување на условите за живот.