Активности за зимско одржување на локалните улици и патишта

На ден 15.11.2018 во просториите на Oпштина Крива Паланка беше одржан состанок во врска со предстојната сезона за зимско одржување на локалните улици и патишта на кој присуствуваа представници на сите надлежни институции кои се поврзани со оваа активност.

На состанокот беа разгледани Програмата за зимско одржување на локалната патна мрежа за сезоната 2018/2019 год. како и Договорот со економски оператор  кој непосредно ќе ги извршува активностите за зимското одржување. Во таа насока беше договорена заемна соработка и координација меѓу надлежните служби, се со цел за  успешна реализација на Програмата, навремено и квалитетно извршување на обврските за обезбедување на услови за непречено одвивање на сообраќајот во текот на зимската сезона.

Беше констатирано дека од особена важност е и соработката со месното население и граѓаните посебно во услови на позначителни врнежи од снег, за да се обезбеди навремен и непречен пристап на возилата и механизацијата за чистење на снегот или опесочување при појава на голомразица.