Градежни активности за асфалтирање на патниот правец кон с.Трново

Општина Крива Паланка започна со  градежните активности за асфалтирање на патниот правец кон с.Трново во должина од 500м.

Активноста се реализира преку Центарот за развој на североисточниот плански регион, и е дел од  третата фаза од проектот насловен како „Подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточен плански регион“.

Изведувач на градежните работи е фирмата Стоименов ДООЕЛ од Кочани.