Донација за градинката „Детелинка“ од градоначалникот на Грос Цимерн

На неодамнешната средба на делегацијата од општина Крива Паланка и на општината Грос Цимерн од Германија, од страна на градоначалникот на германската општина, г.Ахим Грим, беше испратена финансиска донација  за градинката „Детелинка“ од Крива Паланка.

Општинската јавна установа детска градинка ,,Детелинка“ со симболичните финансиски средства добиени како донација од градоначалникот на општина Грос Цимерн, изврши набавка на неколку  детски реквизити за потребите на  најмладите жители на Крива Паланка.

Спортските реквизити за дечињата од градинката ,,Детелинка“  се сместени во салата за спортски активности чие мото е ,,Играме, вежбаме, растеме“.

Оваа донација е искористена за збогатување и унапредување на спортско-рекреативните содржини на  децата од предучилишна возраст, како и за зголемување на соодветните капацитети на спортски реквизити наменети за најмладите.

 

 

Големина на фонт
Контраст