Реализиран проектот „Чекор поблиску“ на здружението за младински иницијативи ЦИК-ЦАК

Денеска во просториите на општинската сала, здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка направи презентација на проектот „Чекор поблиску“, реализиран со финасиска поддршка од Буџетот на општина Крива Паланка.

Проектните активности на здружението ЦИК-ЦАК беа сконцентрирани на соработката со и помеѓу  младите и нивното влијание во сите области на јавната политика, како и соработка во креирањето политики и целосна вклученост на младите во општествените текови.

За потребите на овој проект беше реализирано истражување, со цел младите од општината подлабоко да се вклучат во истражувањето и таргетирањето на нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат, како и подигање на свеста кај што повеќе засегнати страни.

Како финален продукт од проектот произлезе и публикација насловена „Анализа за состојбата, сегашните и идни предизвици на младите во Крива Паланка“.

Главната цел која треба да се постигне преку имплементацијата на овој проект, е да се постигне унапредување на општествената состојба на младите во Крива Паланка, преку дефинирање на потребите на младите и јакнење на врските помеѓу младите, младинските организации и општината.