Во Крива Паланка одбележан празникот 11 Октомври

Со положување цвеќе на спомен-бистата пред општината, денес во Крива Паланка беше одбележан Денот на народното востание во Македонија, 11 Октомври.

Цвеќе положија делегација од општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот, Борјанчо Мицевски, делегација од Советот на општина Крива Паланка, од политичките партии и општински Сојуз на борци од НОБ.

На овој светол ден со гордост и почит се сеќаваме гордо на сите наши предци, Македонци, од различни националности кои со пушка во рака се бореле и избориле за заедничката цел-слободата. Нека ни е честит денот на борецот, рече Славе Јовановски, претседател на Сојузот на борци од Крива Паланка.

Присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на паднатите борци.

-Како генерации сме должни да оддадеме почит кон сите оние кои се втемелија во државноста на Македонија. Денес им се поклонуваме на сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот. Им благодарам и на членовите на Сојузот на борци од Крива Паланка кои се почитувачи на вековните традиции и не само на овој настан, туку и сите други значајни датуми во годината, не само на територијата на општината, туку и во околината на Крива Паланка, на сите значајни места и спомен-обележја им оддаваат почит на паднатите борци од подалечната и поблиска историја. Ваквите датуми нека бидат вечен паметник на она што ќе го почитуваме, со надеж никогаш да не се повтори, рече Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст