Делегација од општина Kрива Паланка во официјална посета на општина Бор

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, на покана на грдоначалникот на градот Бор, г. Александар Миликиќ, оствари посета и присуствуваше на свеченостите  по повод одбележување на 3-ти Октомври, Ден на градот Бор.

На главната свеченост и Свечената академија, покрај делегацијата на општина Крива Паланка,  присуствуваа преставници  на локалните самоуправи од Борскиот и Зајачарскиот округ, потоа збратимени градови со градот Бор, претставници на свештенството, на војскта, претставници на министерствта на Р.Србија, како и бројни други гости.

Во рамките на оваа посета, градоначанициите на двете општини  г.Мицевски и г.Миликиќ се договорија во најскоро време да ја отпочнат и постапката на збратимување, заради унапредување на веќе воспоставеното пријателство и развивање и продлабочување на можности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата, како и јакнењето и  негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај.

Градоначалникот Мицевски ја искористи оваа посета и упати  покана до својот колега г. Миликиќ, за возвратна посета по повод претстојниот празник, 8-ми Октомври.