Признание за веб сајтот на општина Крива Паланка од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество- ИНКЛУЗИВА

Во рамки на работилницата, организирана од страна на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – ИНКЛУЗИВА, на тема „Референдум за сите“ на која што беа презентирани активностите во насока на подобрување на можностите за остварување на гласачкото право на лицата со попреченост, кои што Здружението ги презема во пресрет на претстојниот референдум, претставниците на Здружението доделија признание на градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски за најдобро адаптирана интернет страница за лица со попреченост .

Градоначалникот Мицевски упати благодарност за признанието и ја изрази својата поддршка за иницијативата преземена од страна на Здружението Инклузива при што ја нагласи придобивката од интеграцијата на Македонија во Европската Унија од аспект на социјалната заштита и унапредувањето на инклузијата на лицата со попреченост во општеството.

 

Големина на фонт
Контраст