Едукативна работилница „Вовед во стареењето и човековите права на старите лица“

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со здружението „Хуманост“ како партнери во регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, на 09.09.2018 година во Голема сала на Општина Крива Паланкa преку Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка реализираше едукативна работилница „ВОВЕД ВО СТАРЕЕЊЕТО И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА СТАРИТЕ ЛИЦА”. На работилницата присуствуваа седумдесетина граѓани – постари лица од општина Крива Паланка.

Целта на работилницата е да се поттикнат постарите лица на локално ниво да развијат вештини, да стекнат знаења и да најдат мотивација за борба против социјалната исклученост и изолација и да учествуваат во културните, политичките и социјалните активности во нивните локални заедници, но исто така да се залагаат за различните прашања релевантни за нивниот квалитет на живот.

На работилницата присуствуваше и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Активните и делотворни стари лица како Вие денес што сте присутни знаете да давате придонес кој е од трајна вредност за заедницата. Зголеменото учеството на старите лица во општествените текови за развој и  добробит на општината, зголемените способности, нови вештини и знаења на старите лица, стекнувањето на психо-социјалната самодоверба кај старите лица и подобрениот квалитетот на живот на лицата од третото доба преку нивна интегираност во општеството и заедницата допринесува до подобрување на психосоцијалната ревитализација на старите лица – истакна градоначалникот Мицевски во своето обраќaње пред присутните.

На работилницата присуствуваа и претставници од германската општина Грос-Цимерн кои се заинтересирани за отпочнување на соработка со Општина Крива Паланка, Црвен крст Цимерен и Црвен крст Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст