Шпанскиот амбасадор Сера во посета на Крива Паланка

Амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, НЕ Лоренцо Емилио Сера, ја посети општина Крива Паланка во рамки на манифестацијата „Викенд на шпански филм“.

На приемот кај градоначалникот Борјанчо Мицевски Сера потенцираше дека градот Крива Паланка за него е дефиниција за богата култура и уметност.

– Не згрешив кога решив кратко да го опишам градот како јадро на културата, зашто манастирот Свети Јоаким Осоговски ме импресионираше при првата моја посета во февруари годинава, кога бев присутен и на уникатната изложба на карикатури, а драго ми е што сега слушам за вашиот десетти јубилеен меѓународен театарски фестивал. Вечерва ќе го промовираме филмот кој е создаден на Тенерифе, моите родни Канарски острови, рече Сера.

Градоначалникот Мицевски му додели плакета од општтина Крива Паланка во знак на пријателство и соработка.

Во периодот од седми до 11 септември кривопаланчани ќе можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која важи за светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката.  „Викенд на шпански филм“ ќе се одржи во киносалата на Националана установа Центар за култура, Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст