Градоначалникот Мицевски им посака успех на првачињата

Започна учебната 2018/2019 година. Во училишните клупи во двете општински основни училишта Јоаким Крчовски и Илинден  и едното средно општинско училиште Ѓорче Петров во општина Крива Паланка седнаа околу 2200 ученици.

За прв пат училишното ѕвоно означи почеток на образованието и за 178 првачиња. Тие денеска се запознаа со нивните наставници и новите другарчиња со кои ќе го делат знаењето во наредните девет години. Првачињата свечено беа пречекани од страна на вработените во училиштата, беа поздравени од директорите на училиштата, а големо Среќно добредојде им посака и градоначалникот на општина Крива Паланка, господин Борјанчо Мицевски кој за среќен почеток на првачињаета им поради скромни подароци со училишен прибор.

„Влегувањето во училиштето е еден почеток за вас мали принцови и принцези. Пред Вас е еден предизвик кој носи нови почетоци и можности да чекорите во Вашата иднина. Наставниците се тие кои ќе Ве насочат правилно да го изберете патот и да се надградите во идни успешни граѓани на нашиот град и нашата држава, па и пошироко. Среќен сум што точно пред 40 година од овие училишни клупи го започнав моето образование“-истакна градоначалникот во својот поздравен говор пред првачињата.

Големина на фонт
Контраст