Обука за менаџмент и онлајн туризам во Крива Паланка

Денес во општина Крива Паланка се оддржа обука за „Менаџмент и онлајн туризам“, како дел од активностите на проектот Туризам без граници, кој е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Косово, а Општина Крива Паланка, заедно со Општина Витина од Косово го спроведува овој проект.

Обуката се спроведува во три модули. Првите два модула беа, обука за туристички водичи и обука за природен туризам и руралниот туризам, како дел од природниот туризам. Третиот модул е онлајн туризам, кој со целните групи се спроведува во општина Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги поздрави учесниците на обуката и им посака успешна работа и воедно им ги престави техничките можности со кои општина Крива Паланка сега располага, а тоа е најсовремена сала за 3D презентации, која што е опремена со најсовремена  ИТ опрема, кабини за симултан превод и адаптибилен мебел и ентериер, кој ќе овозможи брза и лесна адаптација на салата и таа ќе биде достапна за користење  на сите институции, здруженија и групи на граѓани.

Пред учесниците на обуката, градоначалникот ги претстави и туристичките потенцијали на општина Крива Паланка и нејзиното богато културно, историско и природно богатство.

,,Користењето на новите технологии носи и нови предизвици и можности за развој на  динамичен туризам со креирање на онлајн понуда за привлекување на поголем број туристи. Во таа насока е и денешната обука, која особено е од значење на помладите генрации кои многу побргу и посоодветно ги следат и ги користат социјалните мрежи и интернет комуникацијата, а која може да се стави во функција на равој на туризмот“ – изјави Мицевски во своето поздравно обраќање.

Големина на фонт
Контраст