Се поставуваат нови автобуски постојки во општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка интензивно работи на подобрување на урбаната слика на општината. Од пред неколку дена се поставени првите автобуски постојки, а во следниот период ќе се продолжи кон с.Мождивњак, а потоа и во насока кон с. Узем. Ќе бидат поставени вкупно 12 типизирани постојки, опремени со клупи и корпи за отпадоци,  и тоа на следните локации: с.Мождивњак, с.Конопница, н.Стамболици, н.Грамаѓе, Градски гробишта, н.Белево, Здравствен Дом, н.Илинден, Осичка Маала, н.Самоков, с. Жидилово и с.Узем.

Од локалната самоуправа се апелира да се чува урбаната опрема која е поставена, со што ќе го подобриме урбаниот изглед на општината.

Големина на фонт
Контраст