Поставен камен темелник на пешачко рекреативната патека

Во општина Крива Паланка денес беше означен почетокот на изградба на пешачката патека-локалитет висока зона лев брег.
Камен темелникот го постави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, а неговата изградба е во рамки на проектот  ,,Туризам без граници“ финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка, помеѓу Р. Македонија и Р.Косово.
Вкупна вредност на инвестицијата е  83,5 илјади евра и со временска рамка  на изградба од  4 месеци. Должина на патеката е од 869 м.и широчина од 1,5м.
На поставувањето камен-темелник официјално беше воведен во работа изведувачот „Белешка инженеринг ДООЕЛ“, Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски се заблагодари од име на граѓаните до општинската администрација и проктните тимови, бидејќи, се што тие прават, е во насока на општо добро на сите жители на општината.
Оваа пригода градоначалникот ја искористи и да им го честита утрешниот голем празник на кривопаланчани и рече:
-Утре го славиме втори август, Македонскиот Илинден, се надевам дека овој чин на поставување камен-темелник ќе биде уште една симболика во она што се нарекува македонска самобитност, државност и опстојување на македонскиот народ низ вековите  и историјата. Оваа рекреативна патека е заслуга на општинската администрација, не треба да се припишува на мене како градоначалник, ниту на некој по мене кој ќе дојде, туку заслуга е на сите луѓе од проектниот тим , кои напорно работеа и на апликацијата , а работат напоредно и на други апликации за проекти, а се во интерес на граѓаните.
Ова е значаен проект за жителите на општина, кои пред се со изградбата на оваа пешака патека ќе добијат можност за секојдневна рекреација и прошетки, разубавување и оплеменување на овој дел од градот, кој досега беше подзаборавен, делумно непрооден и небезбеден.

Големина на фонт
Контраст